167
Медиумите од „островото“ шпекулираат дека Ливерпул сака да оди на шопинг во Леверкузен и да ангажира тројца играчи на Баерн – Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Екзекиел Паласиос.
„Црвените“ беа прилично тивки на трансфер пазарот изминатово лето, единствнео засилување им беше Федерико Киеза, кој пристигна на Енфилд во последните денови од август.
Но Ливерпул крои планови како да донесе нови играчи, и последните информации на медиумите од „островото“ говорат за шопинг во Леверкузен.
Клубот предводен од Арне Слот сака да ангажира дури тројца фудбалери на Баер, односно Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Екзекиел Паласиос.