Легендата Пепе замина во фудбалска пензија!

by 24 фудбал
8 минути читање

Легендарниот португалски фудбалер Пепе реши дека е време за повлекување од фудбалот.

Славниот стопер од Португалија има 41 година, но сакаше сè уште да игра. Ова лето тој остана без договор со Порто, а некое време не успеваше да пронајде клуб и реши да се повлече.

Иако е веќе во петтата деценија од животот, Пепе на Европското првенство одигра навистина добро за Португалија. Тој беше стандарден во дефанзивата и беше премногу емотивен по елиминацијата во нокаут фазата.

Во својата кариера тој настапуваше за Маритимо, Порто, а блесна со Реал Мадрид со кој трипати беше европски првак. Потоа настапуваше за Бешикташ и Порто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани