Легендарниот уругвајски фудбалер неславно дебитираше во професионалниот тенис

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот уругвајски фудбалер, Диего Форлан на 46 години дебитираше во професионалниот тенис и настапи на Челенџер во Монтевидео.

Најдобриот стрелец и најдобриот фудбалер на Светското првенство во 2010 година играше во пар со Федерико Корио против Борис Ариас и Федерико Зебаљос, , но дебито му беше за заборав.

,Мечот траеше само 49 минути, а Ариас и Зебаљос славеа со 6:1 и 6:2.

Форлан на теренот покажа неколку одлични потези и тоа се должи на неговото играње тенис во младинските категории пред да се определи за фудбалот на 16 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани