93
Легендарниот англиски голман Дејвид Џејмс го навлече гневот на навивачите на „Енфилд Роуд“.
За време на полувремето на премиерлигашкиот меч од осмото коло меѓу Ливерпул и Челси (2-1), организаторот реши да направи шоу. Еден млад навивач, според информациите 11 годишно момче доби шанса да шутира два пенали за награда, а меѓу стативите застана 54-годишниот поранешен голман.
Џејмс со две атрактивни паради ги одбрани ударите на младото момче и публиката го награди со свирежи и довикувања.
Во кариерата Џејмс настапуваше за Вотфорд, Ливерпул, Астон Вила, Вест Хем, Манчестер Сити, Портсмут, Бристол Сити, Борнмут, ИБВ и Керале Бластерс, а за репрезентацијата имаше 53 настапи.