Легендарниот Бразилец пијан се влече по улиците на Рио (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Кога се зборува за неискористен потенцијал во фудбалската кариера, на повозраснита фанови на спортот веднаш им доаѓа името на Адриано Леите Рибеиро.

Бразилецот кој своевремено беше суперстар неодамна го прослави својот 42 роденден, меѓутоа многу долго е надвор од спортот. Во пензија Адриано замина во 2016 година, а низ кариерата играше за Фламенго, Интер, Фиорентина, Парма, Сао Пауло, Рома, Коринтианс, Атлетико Параненсе и Мајами Јунајтед.

За неговиот тек на кариерата имаше важна улога и тешката повреда, меѓутоа тука беше и неговиот развратен живот. Адриано отсекогаш беше љубител на ноќниот живот и алкохолот, а сега е фатен на неколку видеа како се однесува низ Рио де Жанеиро.

Адриано пијан се влече по улиците на Рио и си ужива во пивото и животот…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани