Лацио пресилен за Ница, Тотнем не дозволи изненадување во Унгарија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Англиски Тотнем ја оправда фаворитската улога и славеше победа против Ференцварош од 1-2. Сар по 20-тина минути игра донесе предност за фаворитот, додека Џонсон во завршницата се погрижи за 0:2. Домаќините во последните моменти од средбата постигнаа утешен гол за конечни 1:2.

Лацио беше најубедлив во натпреварите во воој термин и запиша триумф од 4:1. Во 20. и 35. минута Лацио преку

Педро и Кастељанос дојде до водство од 0:2. Ница до крајот на првиот дел преку Бога се врати во игра, но римскиот клуб во фвториот дел постигна уште два гола за конечен триумф.

Галатасарај и Ајакс можеби важеа за фаворити во своите натпревари против РФС Рига и Славија Прага, но на крајот не славеа победа. Галатасарај против Летонскиот тим ремизираше 2:2, а Ајакс одигра 1:1.

Во останатите натпревари. Хофенхајм беше подобар со 2-0 од Динамо Киев, Мјитиланд на гости кај Тел Авив славеше минимален триумф од 0-1, Олимпијакос на домашен терен беше убедлив со Брага (3-0), Малмо од гостувањето против Карабах замина со триумф 1-2, додека Андерлехт во Шпанија го победи Сосиедад со 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани