Лацио во ефикасен натпревар со пет гола подобар од Торино (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Торино која одлично ја започна сезоната во Серија А го претрпе првиот пораз во денешниот дуел од шестото коло против Лацио (2:3).

Во еден возбудлив натпревар со шансите и на двете страни. Лацио беше неше подобар во реализацијата и на крајот дојде до посакуваните три бода.

Резултатот го отвори Матео Гендузи по осум минтуи игра и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Во вториот дел Диа се погрижи за 0:2 по еден час игра, додека седум минути подоцна Адамс намали на 1:2.

Во 90. минута Нослин го постигна третиот гол за гостите, додека Торино во завршницата преку Коко кој го постигна еден од најубавите погодоци сезонава намали на 2:3, меѓутоа за барем бод време немаше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани