147
Интер го потврди новиот договор на капитенот Лаутаро Мартинез, Аргентинецот се обврза кон „нероаѕурите“ до јуни 2029.
Лаутаро Мартинез ја продолжи соработката со Интер, стави потпис на нов петгодишен договор.
„Интер може да соопшти дека постигна согласност со Лаутаро Мартинез за продолжување на договорот до јуни 2029 година“ – гласеше известувањето.
Медиумите пишуваат дека Лаутаро Мартинез со новиот договор ќе има плата од 9 милиони евра по сезона, со што ќе биде најплатениот играч на „нероаѕурите“.