Лапорта беснеел во ложата по новата бламажа на Барса: Ова не смее да се случува!

by bojan
1 минути читање
Лапорта

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта беснеел во ложата по поразот од Жирона, веднаш одржал состанок со најблиските соработници за да им пренесе колку е разочаран.

Реал Мадрид вечерва слави нова титула во Ла Лига откако Барселона загуби на гостувањето кај Жирона.

„Каталонците“ два пати водеа, но во второто полувреме домаќините направија целосен пресврт, на крајот славеа со 4-2 и го крунисаа Реал Мадрид во нов шампион на Шпанија.

Новиот пораз тешко го прифатил претседателот Жоан Лапорта, кој беснеел во ложата на „Монтиливи“.

Тој исто така веднаш одржал состанок со најблиските соработници, односно потпретседателот Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, како и советниците Ерик Масип и Алехандро Ечеверија.

Жоан Лапорта им ја пренел огромната разочараност од резултатот, а сведоците на средбата откриваат дека тој во неколку наврати повторил: „Ова не смее да се случува!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани