Ламин Јамал има необична прослава на головите, познато и значењето

by Стефан
1 минути читање

Најголемиот шпански талент Ламин Јамал го импресионираше фудбалскиот свет со своите настапи на Европското првенство.

16-годишниот офанзивец на Барселона и шпанската репрезентација со своите настапи привлекува внимание и дојде до спортските насловни страни.

На ова Европско првенство беше опасност за сите тимови, а на крајот турнирот го заврши со еден гол и четири асистенции.

Своите голови Јамал ги слави на ист начин, поставувајќи ги рацете така што го покажува бројот 304.

Со оваа прослава Јамал оддава почит кон своето место во кое растел, градот Матароу. 304 е поштенскиот број на неговото место од раното детство и за тоа место важи дека е едно од најсиромашните во Каталонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани