Денеска со почеток од 14 часот се играат последните три меча од 1/16 финалето во Купот на Македонија.
Победа крена раце уште пред да почне мечот со Гостивар. Прилепчани требаше да бидат домаќини на овој дуел, но прифатија да гостуваат. Натпреварот наместо во Прилеп ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде Гостивар е домаќин.
Во Струмица, Беласица ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров. На Башкими му е суспендиран теренот во Куманово, па денеска во Гостивар ќе биде домаќин на Воска.
Победниците на денешните натпревари ќе им се приклучат на екипите кои претходно обезбедија место во осминафиналето: Тиквеш, Вардар, Пелистер, Шкупи, Шкендија, Брера, Силекс, Струга ТЛ, Арсими, Брегалница, Беса, Шкендија Арачиново и Детонит.
Куп на Македонија 14 часот:
Гостивар – Победа
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Воска