Кукуреља двапати се лизна и Челси прими два гола, а потоа ги фрли копачките во канта! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Челси славеше во супер-возбудливото дерби со Тотнем (3-4) во Премиер лигата. Мечот сепак не тргна најдобро за „сините“, бидејќи имаа негатива од два гола.

Двапати „виновник“ беше Марк Кукуреља кој во двете ситуации се лизна и тоа доведе до погодоци во мрежата на Санчез. Тој се налути и ги замени копачките по вториот погодок.

По натпреварот на социјалните мрежи сподели фотографија од копачките кои ги носеше на почетокот на натпреварот, а истите беа фрлени во канта. Кукуреља дури и се извини за двете грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани