Крос: Кога ќе пристигнев на тренинг, Роналдо веќе беше таму, кога ќе си заминев, тој уште остануваше!

by riste
1 минути читање

Тони Крос и Кристијано Роналдо четири сезони играа заедно во Реал Мадрид, па Германецот има што да каже за португалската ѕвезда.

„Кристијано секогаш беше таму кога ќе дојдев на тренинг и уште беше таму кога ќе си отидев“, вели Крос.

„Сите сакаме да освојуваме титули и да постигнуваме голови, но за него постигнувањето на голови беше позитивна зависност“.

Според многумина Тони Крос прерано замина во пензија, има само 34 години.

„Отсекогаш сакав да завршам на највисоко ниво. Можеби за пет години ќе речам дека сум се пензионирал прерано, но во моментов ми е добро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани