Конте ќе биде најплатен тренер во Серија А?

by Стефан
1 минути читање

Џанпјеро Гасперини одлучи да остане во Аталанта, па така италијанските медиуми најавуваат дека Антонио Конте скоро сигурно ќе биде нов стратег на Наполи.

Од Италија веќе пристигнуваат и информации за договорот кој ќе го има Конте со Де Лаурентис и како што стојат работите тој ќе биде најплатениот тренер во Серија А.

Платата на Конте во Наполи би требало да биде помеѓу осум и девет милиони евра.

Договорот помеѓу Конте и Наполи треба да биде официјализран до крајот на неделава. Засега не е познато дали Конте ќе потпише договор на две или три години со опција за продолжување на уште една.

Во овој момент најплатен тренер е Симоне Инзаги кој со Интер со кого ја освои титулата има плата од 5.5 милиони евра годишно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани