343
Новиот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани им откри на љубителите на фудбалот во Германија дека голем дел од нив погрешно го изговарале неговото име во изминатите години.
По шпекулациите кои траеа неколку недели Баерн Минхен потврди дека Компани е наследникот на Томас Тухел.
На првата прес-конференција, Белгиецот откри како правилно се изговара неговото име.
„Моето име се изговара „Венсон“, но добро и „Винсент“ бидејќи на Германците веројатно им е тешко да го изговорат на вистинскиот начин. Играв во Хамбург две сезони и никако не успеав да ги научам како да ми го изговараат името, меѓутоа Винсент или Вини е добро“, изјави белгискиот стратег.