189
Новиот италијански прволигаш Комо го промовира најзвучното засилување ова лето, бидејќи го потврди потписот со Рафаел Варан.
Францускиот репрезентативец и член на „златната“ генерација која беше светски првак во 2018 година доаѓа во редовите на Комо по две сезони во Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со „ѓаволите“ истече и тој како слободен агент го засилува Комо.
Цеск Фабрегас ја доби најголемата желба ова лето со потписот на Варан. Информацијата се појави пред околу еден месец и тогаш не беше сфатена сериозно, меѓутоа Комо и Фабрегас го убедија искусниот стопер дека нивниот проект може да биде добар за него.
Варан во Комо потпиша двегодишен договор, со можност за продолжување на уште една дополнителна.