Комити го губат трпението – упатија опомена до управата! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Навивачите на Вардар реагираат по поразот од Шкупи на Чаир со 3-0, тие упатија опомена до раководството на клубот.

Вардар финансиски се стабилизираше, има и генерален спонзор кој вложи милион евра, но црвено-црните на првите две гостувања оваа сезона примија вкупно шест голови.

Вардар изгледаше немоќно и во Струмица и на Чаир, а не блескаше ниту во дербито против Пелистер кое сепак го доби.

Навивачите на Вардар рано во сезоната, го вперија прстот во управата. Тие објавија пост на кој пишува: „Рибата смрди од главата, последна опомена за управата“.

Во наредното коло Вардар ја пречекува екипата на Воска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Арне Слот веднаш испиша историја, Ливерпул рутински против Брентфорд (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Луис Диаз

Ливерпул со 2-0 го совлада Брентфорд на Енфилд, Арне Слот испиша историја и стана првиот тренер на „црвените“ кој остварил победа на првите два натпревари во Премиерлигата.

Ливерпул до овој момент нема донесено ниту едно засилување, но и покрај тоа одлично ја стартуваше новата сезона.

По победата над Ипсвич во првото коло, попладнево „црвените“ рутински славеа против Брентфорд.

Резултатот беше отворен во 13. минута, по една брза контра, Диаз биеше неодбранливо за 1-0.

Дилемите околу победникот беа решени во 70. минута, Салах беше уфрлен во фор и убаво пласираше за 2-0.

Со овој триумф, Арне Слот испиша историја и стана првиот тренер на Ливерпул кој остварил две победи на двата воведни натпревари во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани