5
Фудбалерите на Барселона во вчерашниот натпревар испуштија победа против Селта и дозволија противникот да постигне два гола во завршницата и да освои бод (2:2).
За Барселона овој натпревар не го стартуваше Ламин Јамал и тоа е третпат каталонскиот гигант да остане без победа кога тој не игра од првата минута. Претходно, Барселона беше и поразена од Осасуна и Реал Сосиедад.
Очигледно 17-годишниот тинејџер станува исклучително важен во системот на игра на Ханси Флик и има големо влијание на теренот.
Во неделата која следи Барселона ќе одигра два натпревари на домашен терен, прво го пречекува Брест во Лигата на шампионите, па Лас Палмас во Ла Лига.