158
Матс Хумелс во новата сезона би можел да игра во Премиерлигата доколку Брајтон успее во намерата да го ангажира германскиот дефанзивец.
Хумелс не успеа да се договори со Болоња, па Германецот уште е во потрага по нов клуб откако ја напушти Борусија Дортмунд.
Последните гласини велат дека Брајтон е најконкретен во трката по Германецот, тие веќе го контактирале лично, тренерот му се јавил на Хумелс да го убедува.
Брајтон му нуди едногодишен договор на Хумелс со опција за продолжување на уште една сезона.
Во меѓувреме тој се поврзува и со други клубови, од Англија тоа е Вест Хем, а од Италија со Рома и Милан.
Се очекува наскоро Хумелс да реши кој ќе биде неговиот нов клуб.