Кинезите кои го загубија Интер поради долг купуваат клуб во Португалија

by 24 фудбал
1 минути читање

Кинеската компанија Сунинг на чело со младиот сопственик Стивен Жанг се на чекор од купување на Портимоненсе од Португалија.

Според тамошните медиуми, Сунинг за сума од 80 милиони евра ќе ги купи сите акции на клубот кој минатата сезона испадна од Примеира лига, па во следната ќе се натпреварува во Втората лига. Процесот е започнат, меѓутоа тоа истото се очекува да трае можеби и цела година, па финалното преземање се очекува некаде кон средината на 2025.

Инаку, компанијата Сунинг се промовира на јавноста во Европа во 2016 година кога го купи фудбалскиот клуб Интер. Во тие моменти „нераѕурите“ беа во сериозна криза, а со текот на годините успеаја да излезат од неа и се вратија на шампионските патеки.

Сепак, на почетокот на оваа година Жанг и Сунинг не успеаја да исполнат рата од вкупната сума од 395 милиони евра кон американскиот инвестициски фонд Оуктри, па Американците по легален пат го презедоа клубот.

Сега Сунинг ќе има втора шанса и обид во пониските гранки на фудбалот во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани