Килијан Мбапе ќе ги пропушти и ноемвриските натпревари на Франција

by riste
1 минути читање

Мбапе уште еднаш нема да се појави на собир на репрезентацијата на Франција, објавуваат медиумите од таа земја.

Мбапе не ја почна кариерата во Реал Мадрид онака како што посакуваше, Французинот се мачи на позицијата централен напаѓач.

Тој ги пропушти претходните натпревари на Франција, а ќе ги пропушти и наредните.

Се верува дека Мбапе побарал отсуство со цел да се посвети на подобрување на формата. Но, селекторот Дешам вели дека одлуката е негова, а не на фудбалерот.

„Имав разговор со Килијан и јас донесов одлука. Мислам дека е подобро вака. Мбапе сакаше да биде со нас, не е отсутен поради некој проблем“, рече Дешам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани