Килиан Мбапе ќе ја прескокне Холандија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Првата ѕвезда на репрезентацијата на Франција, Килиан Мбапе заработи тешка повреда на првиот натпревар на Европското првенство. Французите ја победија Австрија со 1-0, а новиот фудбалер на Реал Мадрид си доби скршеница на носот по еден судир со противнички играч.

Иако првичните најави беа дека Мбапе можеби го заврши Европското првенство и мора на операција, следеа подобри вести. Ќе се изработи специјална заштитна маска со која францускиот играч ќе настапува на првенството.

Сепак, според пишувањето на француските медиуми, враќањето на Мбапе на тренинзите и во натпреварувачки ритам е проценето меѓу второто и третото коло.

Тоа би значело дека во дербито на групата Франција ќе мора да се судри со Холандија без најдобриот фудбалер, а Килиан Мбапе би се вратил против Полска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани