25
Хари Кејн го презема рекордот кој досега беше во сопственост на Ерлинг Халанд откако во вчерашниот натпревар за Баерн против Аугусбург постигна хет-трик.
Кејн така стана фудбалерот на кој му било потребно најмалку натпревари да дојде до 50 гола во првенството.
До бројката од 50 гола во германското првенство Кејн стигна за 43 натпревари и тоа е за седум натпревари побрзо од Халанд кој 50 голови постигна за 50 натпревари.
Од доаѓањето минатото лето во редовите на Баерн, Кејн вкупно зад своето име во сите натпреварувања има 64 гола на 62 натпревари. Како што е познато тој е и најдобар стрелец во англиската репрезентација со 69 гола на 103 натпревари.