171
Хари Кејн вели дека воопшто не размислува дали ќе биде најдобар стрелец на Европското првенство, важно му е само Англија да ја освои титулата.
Во моментов има дури шест фудбалери со по три гола на ЕП, еден од нив е Кејн, па доколку даде погодок во финалето ќе се одлепи на првото место на листата на стрелци.
„Златната копачка? Кога ќе дојдете вака далеку на ваков турнир, не размислувате за златна копачка. Размислувате само како да го освоите првенството, тоа е се што е значајно. Се разибра како напаѓач сакам да дадам гол во недела, но доколку некој друг даде и ние победиме, нема да бидам разочаран“, вели Кејн.