Репрезентацијата на Грузија најголемите свои надежи во денешниот натпревар против Чешка, но и воопшто на првенството ги имаше во Квича Кварацкелија, меѓутоа фудбалерот на Наполи е далеку од најдобрата форма.
Крилниот офанзивец не беше на потребното ниво во првото коло против Турција, а денеска против Чешка одигра уште полошо.
Кварацхелија немаше ниту еден шут во рамките од голот, а не пак гол или асистенции. Успеал само двапати да ги издрибла противничките фудбалери и изгубил дури 14 топки, најмногу од сите на теренот. На теренот беше до 81. минута кога селекторот Вили Сањол одлучи да го замени.
Треба да се каже и дека Кварацхелија и во изминатата сезона за Наполи е далеку од формата од претходната сезона и прашање е дали ќе успее да ја врати.