Касано „удри“ по класичните напаѓачи: Видете го Интер со Икарди и без него…

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано реши да упати критики до класичните „деветки“ во фудбалот. Касано кој играше за многу италијански клубови, меѓу кои и Интер, во последното свое излагање во јавноста даде интересна изјава.

Тој го искористи примерот со Маури Икарди и Интер за да докаже поента. Касано нагласи дека додека Икарди беше дел од „нераѕурите“ тие секоја сезона го имаа најдобриот стрелец во калчото, но дури откако капитенот замина почнаа да освојуваат трофеи.

Интер со Икарди на крајот на секоја сезона имаше најдобар стрелец во калчото. Сепак, без него почна да освојува трофеи. Погледнете ги движењата на Лаутаро и Турам, како градат напади со своето движење и залагање. Од друга страна, играчите како Икарди се пакери, тие стојат во 16 метри и чекаат топка, а за нив работи половина тим. Играта и целиот тим трпи во тие моменти“, изјави Касано.

Размислувањето на Касано не треба воопшто да изненади, бидејќи лично тој никогаш не беше ништо налик класичен напаѓач, иако играше често во шпицот на нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани