Карим Бензема го откри својот фаворит за „Златната топка“: Беше над сите останати…

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот француски репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Карим Бензема, во моментов настапува за Ал Итихад во Саудиска Арабија.

Откако освои се што можеше со Реал, искусниот напаѓач замина на „печалба“. Сега по комплетирањето и на Европското првенство со што се стави крај на целосната сезона, Бензема го откри својот фаворит за освојувањето на „Златната топка“.

Ќе кажам Винициус бидејќи тоа го заслужи со своите партии минатата сезона, ама не само поради неа туку и поради тоа што го направи во сезоната претходно. Беше над сите останати, тој е комплетен фудбалер. Може сам да ги победи ривалите. Секако, има помош на соиграчите, но е многу добар кога му е најпотребно на Реал и поради тоа ја заслужува „Златната топка“. Секогаш се појавува кога е потребно. Вини е мој фаворит“, откри Бензема.

Според анализите токму Винициус е прв фаворит за освојување на големото признание. Сепак, сериозна конкуренција му е Родри од Манчестер Сити кој стана европски првак со Шпанија, а секако и Џуд Белингем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани