Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, даде изјава која ги изненади навивачите на овој клуб. Португалецот откри дека не знае дали и следната сезона ќе игра на „Олд Трафорд“, а одлуката за тоа ќе ја донесе по Европското првенство ова лето.
„Не зависи сè од мене. Ако морам да размислувам за заминување од Премиер лигата, тоа ќе биде дури по ЕП. Можеме успешно да ја завршиме сезоната со освојувањето на ФА Купот. Потоа имаме многу важно Европско првенство. Ништо не може да ми го оттргне вниманието од финалето на ФА Купот и ЕП, во овој момент ништо не ми е поважно од тоа. Не размислувам премногу за иднината.
Оваа сезона досега не беше на нивото на кое се надевав дека ќе биде. Сакам да бидам конкурентен, да се натпреварувам и да победувам“, изјави Фернандеш.
Инаку Фернандеш пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020 година од редовите на Спортинг за 80 милиони евра. Тој има договор до 2026 година, со можност за продолжување на уште една сезона.