231
Младиот македонски фудбалер Никола Величковски својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Септември Софија.
Момчето кое минатата сезона ја мина во Македонија Ѓорче Петров, одигра 28 натпревари и даде четири гола, заминува на првиот интернационален предизвк. Величковски потпиша договор и беше промовиран во новиот клуб.
Инаку, Септември Софија се пласира во првата лига на Бугарија минатата сезона.
Величковски беше капите на репрезентацијата на Македонија до 19 години, а во кариерата има настапи за Вардар, Работничи и Македонија Ѓорче Петров.