196
Проблем за Реал Мадрид, Камавинга поради повреда предвреме го заврши денешниот последен тренинг пред утрешниот Суперкуп дуел со Аталанта.
Камавинга лошо се лизна, па доби удар од Чуамени, по што во болка падна на теренот држејќи се за коленото. Неговите соиграчи се држеа за глава. Ситуацијата изгледаше ужасно.
Но, ако се суди според начинот на кој го напушти тренингот, можеби и не се работи за сериозна повреда. Ќе се знае повеќе по деталните тестови.