306
Еден од хероите на Динамо Загрев во финалето од хрватскиот куп е 20-годишниот Петар Сучиќ кој го постигна првиот гол во победата од 3-1 над Ријека.
Сучиќ оваа сезона стана еден од најголемите откритија на Динамо Загреб, а клубот на социјалните мрежи му посвети специјален пост.
Сучиќ како дете бил голем фан на нашиот Аријан Адеми, носел негов дрес и се сликал со него, а сега двајцата заедно држат пехар.
„Животот пишува романи… Како мало дете го сонуваше овој свет дрес, а денеска со својата работа и дисциплина ги живееш своите соништа! Подобар ментор и пример не можеше да избереш. Сегашност на Динамо и иднина на Хрватска“, напиша Динамо Загреб и ги сподели фотографиите.