Помина точно еден месец од последната победа на Манчестер Сити, англискиот тим е во најдлабоката криза откако Пеп Гвардиола е тренер на овој тим.
Се чинеше дека вечерва ќе ја прекинат лошата низа и ќе дојдат до победа над Феенорд во Лигата на шампионите. Со таков впечаток и тргна натпреварот.
Халанд во 44. минута донесе водство од 1-0, по пет минути игра во вториот дел Гундоган погоди за 2-0, а три минути подоцна Норвежанецот даде уште еден гол за 3-0 предност на Сити.
Во тие моменти никој не ни помислуваше дека Манчестер Сити може да испушти победа од оваа ситуација, но токму тоа се случи.
Хаџ Муса во 75. минута намали на 3-1, Хименез во 83. минута погоди за 3-2, а Ханцко во 89. минута изедначи на 3-3.
Следниот натпревар на Манчестер Сити е на Енфилд кај Ливерпул.