Шпанскиот фудбалер Иско оваа сезона се врати на голема врата и зад себе има една од најдобрите сезони во кариерата, иако има 32 години. На 36 натпревари во дресот на Реал Бетис, Иско постигна девет голови и подели седум асистенција.
Но, посебно остава впечаток што дури 19 пати беше прогласен за играч на натпреварот, па така никој не се сомневаше дека ќе добие повик за настап на Европското првенство ова лето што за него би било враќање во репрезетнација.
Сепак, Иско на тој повик не е во можност да одговори. Имено, денешните прегледи покажале дека во натпреварот против Лас Палмас во кој беше заменет во 39. минута се здобил со скршница.
Се уште не е познато колку точно ќе паузира, но извесно е дека нема да биде спремен за Европското првенство кое започнува на 14. јуни и ќе се игра до 14. јули.
Иско во текот на кариерата за репрезентацијата на Шпанија одигра 38 натпревари и постигна 12 голови, а стандарден беше во текот на девет години поминати во Реал. Иско беше дел и од селекцијата на Шпанија која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година.