188
Фудбалската репрезентација на Италија се избори за пласман во осминафиналето откако извлече реми против Хрватска (1-1) во последното коло од групната фаза на Европското првенство.
Херој на „Аѕурите“ беше Матија Закањи, кој во 98 минута му даде гол на Ливаковиќ за израмнување. Овој погодок го фрли во транс италијанскиот коментатор Фабио Кареса кој на мрежата на „Скај Спортс“ буквално „полуде“ по израмнувањето на неговата репрезентација.