Манчестер Сити го победи Вест Хем со 3-1 и стана првиот тим во Англија кој четирипати по ред бил шампион во Премиерлигата, пирова беше победата на Арсенал од 2-1 над Евертон, Јирген Клоп за последен пат го водеше Ливерпул.
Манчестер Сити ја оправда улогата на фаворит и без поголеми проблеми го совлада Вест Хем, а со овој триумф заверија историска круна во Премиерлигата.
На почетокот од мечот блесна Фоден кој вчера беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата за оваа сезона. Фоден денеска даде гол уште во втората минута за 1-0, а веќе во 18. минута зголеми на 2-0.
Во 42. минута Кудус постигна гол со ножички за 2-1 и ја врати надежта кај фановите на Арсенал. Но Родри со гол во 59. минута ги реши сите дилеми поставувајќи ги конечните 3-1.
Овој резултат значеше дека на Арсенал му е залуден денешниот триумф над Евертон, топчиите победија со 2-1, но немаат причини за радост.
Евертон поведе со гол на Геј во 40. минута, три минути подоцна Томијасу постигна погодок за 1-1. Хаверц во 89. минута донесе триумф за Арсенал од 2-1.
Ливерпул го победи со 2-0 Вулвс во меч полн со емоции. За Јирген Клоп ова беше последен натпревар како тренер на црвените.
Челси со 2-1 славеше над Бонрмут и ја продолжи победничката серија, триумф и за Манчестер јунајтед кој со 2-0 победи на гостувањето кај Брајтон.
Тотнем со убедливи 3-0 славеше кај Шефилд јунајтед, Њукасл со 4-2 беше подобар кај Брентфорд, гостински триумф обезбеди и Нотингем Форест кај Брајтон од 2-1.
Кристал Палас изненадувачки убедливо ја победи Астон Вила со 5-0, а Фулам со 4-2 го одјави Лутон од Премиерлигата.