Историја во МЛС: Ова е најмладиот дебитант – има 14 години и Манчестер Сити веќе реагирал

by Стефан
1 минути читање

Филаделфија Унион славеше со 5:1 во натпреварот против Њу Енгланд Револушн во натпреварот кој се играше изминатата ноќ. Тоа беше натпревар на последниот и претпоследниот тим во американската лига, а ќе остане запаметен по ситуацијата во 85. минута.

Израелскиот напаѓач Таи Барибо излезе од игра и на негово место влезе Каван Суливан кој со 14 години и 293 дена стана најмладиот дебитант во историјата на МЛС. Суливан за 13 дена го сруши рекордот на Фреди Аду од 2004 година.
Исто така „ЕСПН“ пишува дека тој и најмлад спортист кој заиграл во НБА, НХЛ, НФЛ, ВНБА и МЛБ уште од 1970 година.

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо веќе објави дека Манчестер Сити долго време го следи Суливан и тој би требало да се пресели на „Етихад“ кога ќе наполни 18 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани