132
Горан Пандев со Интер го освои трофејот во Лигата на шампионите и македонската фудбалска легенда ужива голем респект кај клубот од Милано.
Клубот уште еднаш покажа почит кон Пандев откако го покани да биде специјален гостин со тимот на гостувањето кај Манчестер Сити.
Интер вечерва игра против Манчестер Сити во првото коло од Лигата на шампионите, а Пандев присуствуваше на официјалниот тренинг каде што се поздрави со фудбалерите на „нероаѕурите“.