212
Пoранешниот тренер на Челси, Пари Сен Жермен и Тотенхем би можел да стане селектор.
Според последните информации Покетино би можел да седне на клупата на САД и да ја води оваа селекција на Светското првенство кое ќе се одржи токму таму во 2026 година.
Претходно Покетино се поврзуваше и со клупата на Англија како наследник на Герет Саутгејт, но од таа работа не излезе ништо.
Покетино не е единствен и САД преговара и со други кандидати, па ќе видиме дали конечниот избор ќе падне на аргентинскиот стратег.