Изненадување од Шпанија: Реал за замена за Модриќ носи друг Хрват?

by Стефан
1 минути читање

Лука Сучиќ постигна прекрасен гол во натпреварот за неговиот Реал Сосиедад против Атлетико Мадрид и тој го обележа деветото коло од шпанската Примера.

Фудбалерот кој е роден во Австрија ја „собра пајажината“ од голот на Јан Облак и тоа беше негов првенец во Ла Лига.

Неколку дена подоцна се појави информација дека Реал Мадрид ги следи неговите настапи.

Сучиќ во Шпанија пристигна ова лето од редовите на Салзбург кој за него плати десет милиони евра. Во него во Мадрид гледаат некој кој може да го замени Лука Модриќ кој веќе е во залезот на кариерата.

Сепак, Хрватот само што дојде во Сосиедад и има договор до летото 2029 година, па прашање е дали во овој момент е спремен за трансфер во најтрофејниот клуб во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани