174
Клупските простории на фудбалскиот клуб Зрче во Словенија се целосно уништени откако стадионот го зафатил пожар.
Станува збор за клуб кој во овој момент игра во четвртата лига, а сега ќе мора да се снаоѓа со ново место за тренирање, барем додека се не се реконструира. Пожарот како што пренесуваат медиумите во Словенија избувнал саботата наутро и брзо ги зафатил соблекувалната и останатите простории.
Работата на пожарникарите кои брзо излегле на терен им ја отежнувал ветерот. Инаку, станува збор за комплекс каде што Вардар на двапати се подготвуваше во текот на летниот период, еднаш во 2015 година и еднаш во 2018.