Милан ги финишира подготвителните натпревари во Соединетите Американски Држави. Со тимот на американската турнеја беше и Златан Ибрахимовиќ, кој имаше излегување во јавноста и зборуваше на неколку теми.
„Имам доста влијание за прашањата во клубот. Задачата ми е да донесам резултати и да ја зголемам вредноста на тимот. Јас не сум дадилка, моите играчи мора да дадат 200% и кога не сум така. Сега имам по некој слободен ден, а замислете како ќе беше да бев тренер. Тренерите работат по 12 часа дневно и немаат слободно време. Не би можел да сум јас тоа“, започна Ибра.
Контроверзниот Швеѓанец зборуваше и на темата за религиозните верувања. Тој откри дека не верува во Бог, а откри и зошто е тоа така.
„Воопшто не сум верник. Верувам само во почитување. Само јас можам да си судам самиот на себе. Не верувам во Бог. Кога мојот брат умираше од леукемија, каде беше тој? Му се молиш секој ден, му се заблагодаруваш секој ден, но каде е кога ти е потребен? Во мојот свет секој е свој Бог. Јас верувам во тоа“, заврши Ибрахимовиќ.
Изјавите на Златан Ибрахимовиќ често се во центарот на вниманието поради својата деликатност.