Ибраими се збогуваше со Струга: Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце

by Стефан
8 минути читање

Бесарт Ибраими потврди дека заминува од редовите на Струга Трим Лум и се збогуваше со актуелниот шампион во ПМФЛ преку социјалните мрежи.

Ибраими и Струга се договориле за предвремен раскин на соработката. Засега не е потврдено каде најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ ќе ја продолжи кариерата.

„Почитувани стружани. Сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од Струга, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања. Благодарност до претседателот и сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга. Струга засекогаш ќе остане во моето срце.“, објави Ибраими.

Дел од Струга Ибраими беше од 2022 година, а претходно го носеше дресот на: Ксанти (Грција), Ермис (Кипар), Енозис (Кипар), Таварија (Украина), Металург Запорожје (Украина), Севастопол (Украина), Шалке 04 (Германија), Шкендија, Ренова, Напредок и Велазерими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани