388
Во Барселона се презадоволни од игрите на Дани Олмо, за него стигнуваат пофалби од сите страни.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека член на стручниот штаб на Барселона неодамна бил слушнат како вели: „Сите ние знаевме дека Олмо е добар, но не дека е толку многу добар“.
Новинарот на каталонскиот медиум во сторијата за Олмо додава и свое мислење.
„На 26 години, Дани Олмо дојде во Барселона за да експлодира. И тоа го прави. По двата гола против Еспањол тој го потврди тоа и ја оправда сумата која Деко ја плати за него. Во систмот на Ханси Флик тој перфектно се вклопува и ја најде идеалната улога“, напиша новинарот Феран Мартинез.