Зидан одбра најтежок ривал во кариерата: Ви ја одзема топката без да ве допре…

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендата на Реал Мадрид и Франција, Зинедин Зидан, се присети на играчката кариера. Тој доби прашање да одреди најтешки противници во кариерата, а тој издвои двајца дефанзивци кои настапуваа главно во Серија А.

Како најтежок противнички дефанзивец го посочи Паоло Малдини, за кој вели дека ти ја одзема топката без да ве допре. Покрај него, го посочи сонародникот Лилиан Турам.

Најтежок противник во смисла дека беше многу добар, а не во смисла дека сакал да удира – тоа беше Малдини. Беше премногу паметен и интелигентен на теренот. Многу пати ќе се најдев пред него и знаете што ќе се случеше. Тој ќе ми ја земеше топката без да ме допре.

Вториот веројатно беше Турам. Тој беше цврст. Кога играше во вашиот тим, среќни сте. Ако тој игра против тебе, подобро да не играш“, изјави Зидан.

По крајот на играчката кариера Зидан имаше успеси и како тренер на Реал Мадрид. По заминувањето од втората етапа во клубот имаше доста понуди од повеќе европски гиганти, но не се реши за враќање на фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани