За Јовиќ заврши приказната и во Милан, во јануари ќе го напушти Сан Сиро

by riste
1 минути читање

Според италијанските медиуми, Лука Јовиќ ќе се раздели со Милан во јануари бидејќи е четврта опција во нападот и тешко дека ќе заигра.

Во составот на Милан пред Јовиќ се Алваро Мората, Тејми Абрахам и Ноа Окафор. Не се исклучува можноста работите за Јовиќ да се променат со доаѓање на нов тренер во Милан, но мали се шансите за тоа.

Интерес за Јовиќ има од Црвена звезда, но и од неколку германски клубови.

Откако се прослави во Ајнтрахт, Јовиќ направи голем трансфер во Реал Мадрид, но наместо важен играч за кралскиот клуб стана разочарување. Во меѓувреме играше и во Фиорентина, сега е во Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани