За ситуацијата на Погба се огласи и директорот на Јувентус

by Стефан
1 минути читање

Пол Погба доби намалување на суспензијата, но како што стојат работите нема да продолжи во Јувентус. Откако претходно Тијаго Мота јавно кажа дека не смета на него сега се огласи директорот на Јувентус, Маурицио Сканавино.

Сканавино не потврди дали Погба ќе остан, но истакна дека во клубот се загрижени за неговата физичка состојба бидејќи не играл фудбал од крајот на минатиот септември кога влезе од клупа против Емполи.

„Разговараме со неговите претставници. Погба е одличен играч и сигурно може да игра уште. Меѓутоа, со повредите и суспензијата ефективно не играл фудбал две години. Тоа се елементи кои мораме да ги процениме. Се што можам да потврдам е дека разговараме“, изјави Сканавино.

Во јавнсота претходно името на Погба се поврзуваше со француски Марсеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани