За се е виновен Мбапе: Во Реал морале да ги зголемат платите на Винисиус и Белингем

by Стефан
1 минути читање

Шпанските медиуми пренесуваат дека Џуд Белингем и Винисиус Жуниор добиле зголемување на платите во Реал Мадрид за пет милиони евра, а причината бил Килијан Мбапе.

Мбапе во редовите на Реал Мадрид пристигна како слободен играч, па бидејќи клубот не плати оштета за неговите услуги можеше да си дозволи да му даде и поголема плата. Но, во раководството на „кралевите“ биле свесни дека ако Мбапе има поголема платата од другите две најголеми ѕвезди може да се наруши атмосферата во тимот.

Поради тоа Реал Мадрид ги изедначил, па како и Мбапе и Винисиус и Белингем добиле плата од 15 милиони евра по сезона.

Сезонава Мбапе постигна пет гола на седум натпревари, Винисиус запиша три и четири асистенции, додека Белингем кој беше повреден одигра три натпревари во кои има една асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани