За Арсенал корнерите станаа страшни како пенали, топчиите имаат неверојатна статистика!

by riste
1 минути читање

Во последно време Арсенал се специјализира за постигнување на голови од корнер и противниците мака мачат за тоа да го запрат.

Арсенал вчера со два гола од корнер го победи Манчестер јунајтед со 2-0. Ваквиот начин на постигнување на погодоци не е случајност.

Тимот на Артета има посебна стратегија при корнерите која дава плод и тоа како.

Статистиката вели дека Арсенал постигнал 22 гола од корнер во Премиерлигата од почетокот на минатата сезона па досега. Тоа се седум повеќе од било кој друг во лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×