196
Многу тензија имаше меѓу Челси и Атлетико Мадрид ова лето, двата клуба се обидуваа да договорат неколку зделки, а изгледа ќе успеат во две.
Проблемите меѓу двата клуба почнаа кога Челси им го врати Омородион иако тој ги помина лекарските прегледи. Како одговор на тоа , Атлетико Мадрид го врати Конор Галагер иако и тој го заврши медицинските прегледи и требаше само да го потпише договорот.
Во меѓувреме Челси се реши наместо Омородион да преговара за Жоао Феликс. Поради претходните случувања и овие преговори не одеа мазно, но последните информации велат дека се во завршна фаза.
Во наредните денови Челси треба да го комплетира трансферот на Жоао Феликс, а Конор Галагер да се врати во Мадрид и да го потпише договорот.