Денеска беше извршена ждрепката за осминафиналето од англискиот ФА Куп, убедливо најинтересен ќе биде мечот меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед.
Од третото коло во ФА Купот се вклучуваат и екипите од Премиерлигата и Чемпионшип.
Бранителот на трофејот, Манчестер јунајтед немаше среќа во денешната ждрепка, одбраната на титулата ќе ја почне на гостински терен кај Арсенал.
Друга Премиерлигашка пресметка е меѓу Астон Вила и Вест Хем.
Манчестер Сити за противник го доби Салфорд Сити, ова е клуб на легендите на Јунајтед, Рајан Гигс, Ники Бат, Дејвид Бекам, Фил и Гери Невил и Пол Сколс.
Лесни задачи добија и Ливерпул кој ќе игра со Акрингтон, како и Челси кој ќе се сретне со Морекамб.
Натпреварите ќе се играат од 9 до 13 јануари.
The draw for the #EmiratesFACup third round is complete 🏆
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) December 2, 2024